Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков протерувањето на руски дипломати од европските држави го оцени како „кратковидост “, со што ќе се усложни комуникацијата.
Стеснувањето на можностите за дипломатска комуникација во ваква невидено тешка кризна ситуација е кратковиден потег што дополнително ќе ја комплицира нашата комуникација потребна за изнаоѓање решение – истакна Песков.
За два дена од земјите-членки на Европска Унија протерани се повеќе од 120 руски дипломати откако во текот на викендот во градот Буча, што е лоциран во близина на Киев беа откриени масовни гробници и безживотни тела на цивили по улиците.
Русија негира каква било вмешаност во убиствата на цивили во Украина и најави реципрочни мерки за протерувањето на дипломатите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.