Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека официјална Москва не ја исклучува можноста за средба меѓу рускиот и украинскиот претседател, Владимир Путин и Володимир Зеленски.
Сепак, Песков додаде дека евентуална таква средба треба да биде подготвена и финализирана со документ на кој во моментов работата е прекината.
Нашиот став и ставот на претседателот на Русија за средбата со Зеленски е добро познат. Никој однапред не исклучува таква средба. Путин никогаш не ја отфрлил, но таа мора да се подготви, а тоа има смисла – изјави Песков одговарајќи на новинарско прашањето за можноста за средба на двајцата лидери
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.