Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека официјална Москва ги следи изборите за Европскиот парламент. Тој изјави дека мнозинството во парламентот ќе биде проукраинско и дека Русија внимателно ќе го анализира идниот состав на парламентот.

На прашањето како го коментира францускиот претседател Емануел Макрон кој повика на предвремени парламентарни избори поради неговиот вчерашен пораз, Песков изјави дека Русија не се меша во внатрешните работи на други земји и дека тоа е работа на Париз.

Тоа е внатрешно прашање на Француската Република, ние не би сакале да се мешаме во внатрешните работи на земјата, спротивно на клеветите што понекогаш се шират во Европа и Америка, истакна Песков на прес-конференција.

Тој посочи дека Русија „внимателно“ ќе ги следи изборите во Франција, особено имајќи го предвид крајно „непријателскиот однос на француското раководство кон Русија“.

Макрон синоќа и се обрати на нацијата и најави распуштање на францускиот Парламент, како и предвремени избори кои ќе се одржат на 30 јуни и 7 јули.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.