Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави денеска дека граѓаните на западните земји веќе плаќаат висока цена поради антируските санкции што ги воведоа нивните држави и предупреди дека цената ќе расте секој ден.

Според него, Кремљ подготвува одговор на шестиот пакет санкции на ЕУ.

Разгледуваме различни опции. Ако зборуваме за областа на санкциите воопшто, ова е меч со две острици. Американците, Европејците и другите земји се обидуваат да ни наштетат и треба да платат висока цена, истакна Песков.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска во Европскиот парламент изнесе детали од шестиот пакет санкции против Русија, кои меѓу другото вклучуваат и постепено завршување на снабдувањето со руска сурова нафта во рок од шест месеци и увоз на рафинирани производи до крајот на годинава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.