Поранешна претседателка на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси денеска изјави дека е легитимно да се изрази загриженост дали претседателот Џо Бајден е способен да ја извршува функцијата по неговиот лош настап во телевизиската дебата со Доналд Трамп.

Мислам дека е легитимно да се праша: Дали ова е епизода или ова е состојба? изјави Пелоси одговарајќи на прашањето на Ем-Ес-Ен-Би-Си (МСНБЦ) за Бајден, кој честопати ги губеше мислите и зборовите во дебатата со Трамп, што ги зголеми стравовите за неговата возраст и ментална состојба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.