Претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, рече дека се разгледува забрана за увоз на руска нафта и дека Конгресот има намера да обезбеди 10 милијарди долари помош за Украина оваа недела.
Домот во моментов размислува за силен закон кој дополнително ќе ја изолира Русија од глобалната економија- рече таа.
Законот ќе забрани увоз на руска нафта и енергетски производи во САД, ќе стави крај на нормалните трговски односи со Русија и Белорусија и ќе ги преземе првите чекори за да и се оневозможи пристап на Русија до Светската трговска организација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.