Главниот авиопревозник во Финска, „Финер“, трпи големи загуби поради тоа што кинеските авиокомпании имаат предност поради можноста да го користат рускиот воздушен простор.
Финскиот авиопревозник го изгради својот бизнис користејќи ја својата локација во северниот дел на Европа за да понуди брзи патеки за летови до Азија преку cеверна Русија. Од тие причини, компанијата беше тешко погодена од ненадејното затворање на воздушниот простор на Русија како дел од западните санкции.
Тоа додава часови на патувањето, а со тоа и гориво, трошоци и емисии“, вели Ендрју Чарлтон, консултант за авијација.
Летовите на „Финер“ меѓу Хелсинки и Токио сега траат повеќе од 13 часа, за разлика од 9 часа и 30 минути, колку што траеја пред затворањето на рускиот воздушен простор.
Чарлтон вели дека пренасочените летови, исто така, ќе придонесат за згуснат распоред на небото над Европа, што ќе доведе до веројатно одложувања во контролата на воздушниот сообраќај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.