Секретарот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Николај Патрушев денеска објави дека Москва „неутрализирала“ стотици странски разузнавачи во последните години, објавија британските медиуми.
-Во последните години се идентификувани и неутрализирани стотици вработени во странски разузнавачки служби, како и други лица поврзани со организирање разузнавачки и субверзивни активности против нашата земја и нашите стратешки партнери, напиша Патрушев во статија објавена во списанието на руската надворешна разузнавачка агенција.
Патрушев е близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин и е поранешен директор на Федералната служба за безбедност. Тој се смета за еден од клучните поддржувачи на тврдокорните политики во Кремљ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.