Патријархот Кирил апелираше до сите страни во конфликтот во Украина да направат се што е можно за да се избегнат цивилни жртви.
-Како патријарх на цела Русија и поглавар на Црквата, длабоко сочувствувам со сите погодени од катастрофата. Ги повикувам сите страни во конфликтот да направат се што е можно за да се избегнат цивилни жртви, стои во објавата на веб-страницата на Руската православна црква.
Кирил посочи дека рускиот и украинскиот народ имаат заедничка вековна историја и изрази верба дека оваа поврзаност ќе помогне, како што рече, да се надминат поделбите и противречностите кои доведоа до сегашниот конфликт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.