Соединетите Американски Држави ја предупредија Индија да се погрижи нејзиното партнерство со Русија да не биде премногу блиско, по руската воена акција во Украина, порача главниот економски советник на Белата куќа, Брајан Дис.
Нашата порака до индиската влада е дека трошоците и последиците од преминувањето кон поексплицитно стратешко усогласување со Русија ќе бидат значајни и долгорочни – изјави Дис, пренесе „Би-Би-Си“.
Дис, кој е директор на Националниот економски совет на Белата куќа, нагласи дека има области во кои САД се разочарани од одлуките на Кина и Индија, во контекст на војната во Украина.
Индија, која САД ја гледаат како некој што може да се спротивстави на моќта на Кина во Азија, е најголемиот увозник на руско оружје, пишува „Блумберг“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.