Повеќе од две третини од членовите на Претставничкиот дом гласале за исфрлање на републиканскиот конгресмен Џорџ Сантос од долниот дом на американскиот Конгрес.
Сантос се соочува со кривични пријави во врска со финансирање на кампањата, а претходно признал дека измислил поголем дел од својата биографија.
Во истрагата на Конгресот било откриено дека парите од кампањата ги трошел на ботокс, луксузна облека и „Онли фанс“, он-лајн платформата позната по еротската содржина.
Сантос ја негира вината и одбива да поднесе оставка на местото конгресмен, а судењето му е закажано за 9 септември 2024 година.
Ова е малтретирање. Сето ова е театар“, вели Сантос, коментирајќи ја постапката која се води против него.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.