Папата Франциск, во Астана истакна дека Бог не ја насочува религијата кон војна, а медиуми пишуваат оти станува збор за имплицитна критика до рускиот православен патријарх Кирил, кој ја поддржува руската воена операција во Украина и ја бојкотираше конференцијата на верските водачи во Казахстан.

На вториот ден од престојот во Казахстан, папата Франциск се обрати на Седмиот конгрес на лидерите на светските и традиционалните религии, собир каде присуствуваат христијани, Евреи, муслимани, будисти, хиндуси и лица од други вери.

Требаше да присуствува и патријархот Кирил, но, тој ги откажа учеството, а Руската православна црква, сепак, испрати своја делегација.

Бог е мир. Тој секогаш нè води по пат кон мирот, никогаш по патот на војната. Во време обележано со неволјите на војната, неопходен е чекор напред што мора да дојде од нас – истакна папата, не спомнувајќи ја директно ситуацијата во Украина.

Тој додаде дека самата осуда на екстремизмот не е доволна…

Сè додека се шират нееднаквоста и неправдата, нема да има крај на вирусите дури и полоши од Ковид-19, вирусите на омразата, насилството и на тероризмот – изјави папата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.