Баталјонот „Азов“ ги отстранува неонацистичките симболи од своите официјални обележја, нешто што беше една од главните мотивации на руските власти да реагираат дека во Украина има огромен замав на екстремно десничарски национализам.

При промоцијата на новите единици на баталјонот „Азов“ во Харков, новите припадници на специјалните украински сили добија униформи на кои го нема „волчјиот ангел“ – средновековен германски симбол усвоен од нацистите и од единиците на СС на Хитлер, а масовно користен од баталјонот „Азов“ од 2014 година.

Тогаш, дивизискиот грб на 2-та СС дивизија „Дас Рајх“, во Украина стана општествено прифатлив преку употреба на баталјонот „Азов“.

Наместо овој симбол, сега на униформите го има златен трозабец, украинскиот национален симбол што го носат другите полкови, пишува британски „Тајмс“.

Врз истите принципи и идеолошка основа како и легендарниот Азовски полк, формираме нови дивизии. Секој ден тие стануваат се побројни и професионални – порача Максим Жорин, командант на „Азов“, на церемонијата во Харков во неделата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.