Иранските власти потврдија дека го истражуваат труењето на неколку ученички кои неодамна учествуваа на протестите против носењето хиџаб.

По труењето на неколку ученички во градовите Кому и Боруџерд, луѓето се пожалија и рекоа дека треба да се затворат училиштата, особено училиштата за девојчиња. Ученичките беа отруени, а хемиските соединенија што се користат за труење не се хемикалии што се користат во војна. На ученичките не им е потребен сериозен медицински третман. Нивната состојба може да се лекува“, изјави заменик-министерот за образование на Иран, Јунес Панахи.

Иранските власти велат дека труењето на ученичките било направено намерно, потврди член на парламентарната здравствена комисија Хомајун Самеја Наџафабади.

Во изјава за „Гардијан“, лекар специјализиран за третман на жртви од труење рече дека според достапните информации, најверојатната причина за труењето може да биде слаб органофосфатен агенс.

Доколку некои од отруените ученички се потат многу, прекумерно лачат плунка, повраќаат, имаат хипермотилитет на цревата и дијареа, тогаш можно е нападот да е извршен со овој агенс. Верувам дека мотивот на труењето бил да се исплашат демонстрантите против Владата во Иран. Тие сакаат да им се одмаздат на ученичките кои беа приведени за време на неодамнешните протести.

Нападите доведоа до тоа девојчињата да не одат на училиште. Наставник од Ком, град на околу 137 километри од Техеран, изјави за „Радио Фарда“ дека само 50 ученици од 250 присуствувале на настава. Минатата недела гневните родители протестираа пред канцеларијата на гувернерот во Ком, а неколку училишта беа затворени поради тековната истрага.

Мислам дека овој хемиски напад е одмазда на Исламската Република против храбрите жени кои го отфрлија хиџабот и ја потресоа владата. Бидејќи иранскиот режим на Исламската држава мрази девојки и жени, ги повикувам жените ширум светот да бидат гласот на иранските ученички и да ги повикаат лидерите на демократските земји да ја осудат оваа серија труења и да го изолираат иранскиот режим.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.