Американското Министерство за финансии најави нови санкции против руските олигарси. Се наведува дека целта е да се зголеми притисокот врз луѓето блиски до рускиот претседател Владимир Путин, пренесува Би-Би-Си.
Меѓу погодените од новите санкции се десет лица кои се дел од банката ВТБ, 12 членови на Долниот дом на рускиот парламент и семејството на портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Претходно американскиот претседател Џо Бајден најави забрана за увоз од Русија, кој вклучува морска храна, вотка и дијаманти. Тој рече дека дополнителните санкции ќе нанесат уште еден тежок удар на руската економија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.