Осум лица починаа во третиот топлотен бран што го погоди Мексико од средината на април, соопшти Министерството за здравство на Мексико каде во главниот град Мексико Сити температурите неделава достигнаа рекордни 35 степени Целзиусови.

Седум жртви починале од топлотен удар и една од дехидрација во периодот од 14 април до 12 јуни, се вели во соопштението на Министерството.

Во североисточниот град Монтереј, температурите надминаа 40 степени Целзиусови, притисокот на водата во домовите опадна, а зголемената побарувачка за електрична енергија поради вклучени клима уреди доведе до прекин на електричната енергија.

Владата на државата Нуево Леон, во која се наоѓа Монтереј, го ограничи времето што децата го поминуваат на училиште на два часа дневно. Минатата година Мексико прогласи вонредна состојба поради сушата во делови од земјата поради топлотниот бран и недостигот на дожд што ги исцрпи акумулациите.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.