САД веруваат дека постои можност за ескалација и дека постои зголемен ризик од напади врз американските сили и граѓани на Блискиот Исток, изјави американскиот секретар за одбрана Лојд Остин.

Во врска со ова, во интервју за ABC, Остин потсети на неодамнешните напади со беспилотни летала врз американските сили во Ирак и Сирија.

„Го правиме она што е неопходно за да се осигураме дека нашите сили се подготвени и способни да одговорат“, рече Остин.

Воената база на коалициските сили во Ирак Аин ал Асад денеска била цел на ракетен напад, а во базата се слушнала една експлозија, изјавија два воени извори за Ројтерс.

Воздухопловната база Аин ал Асад е дом на американските и другите меѓународни сили во западен Ирак. Одбранбените системи на Аин ал Асад пресретнале и собориле два дрона додека летале во близина на базата во саботата, потсетува британската агенција. Базата Аин ал Асад се наоѓа во западната ирачка провинција Анбар.

Според него, дополнителното распоредување на американските сили на Блискиот исток испраќа уште една порака до оние кои би сакале да го прошират конфликтот во регионот, имено дека САД нема да се двоумат да преземат соодветни мерки за да го спречат ширењето на војната.

Остин истакна дека САД во моментов се фокусирани на обезбедување на Израел со се што му е потребно за да се брани, наведувајќи дека е во контакт со израелскиот министер за одбрана Јоав Галант речиси секој ден.

Остин рече дека им рекол на израелските власти дека Израел треба да ги спроведе своите операции во согласност со законите на војната. Toj истакна дека ставот на САД отсекогаш бил дека решението со две држави за палестинско-израелскиот конфликт е адекватно.

Остин, исто така, нареди подготовки за распоредување на дополнителни трупи за, како што рече, подобрување на подготвеноста и способноста за брзо реагирање, доколку се појави потреба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.