Унгарскиот премиер Виктор Орбан воочи изборите во оваа земја ги повика граѓани да излезат на избори и ги карактеризираше како егзестенцијален пресврт и избор помеѓу војната и мирот.
Орбан во трката за четвртиот по ред мандат на позицијата премиер на Унгарија, изјави дека ако повторно биде избран на парламентарните избори во недела, ќе го штити мирот и безбедноста во државата и ќе го одржува увозот на руска енергија додека се уште има војна во соседна Украина.
„Ова не е наша војна, мораме да се држиме настрана. Можеме да останеме надвор од оваа војна така што нема да испраќаме војници или оружје и да не дозволуваме да се пренесува оружје преку нашата територија, бидејќи тогаш веднаш ќе станеме воена мета“, рекол Орбан.
Иако тој ја осуди руската инвазија на Украина, сепак не кажа дека затоа е одговорен рускиот претседател Владимир Путин со кој негува блиски односи од доаѓањето на власт во Унгарија во 2010 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.