Унгарија нема да стави вето на санкциите на Европската унија против Русија и единството на 27-члениот блок е најважно со оглед на војната во Украина, која Унгарија недвосмислено ја осудува, изјави премиерот Виктор Орбан.

Оваа недела, Унгарија се приклучи на иницијативата на осумте лидери на ЕУ за почеток на преговори за членство со соседна Украина, но Унгарија, членка на НАТО, го отфрли транспортот на смртоносно оружје преку нејзината територија до источниот сосед, пишува Ројтерс.

Орбан се соочува со избори за нешто повеќе од четири недели, но неговата кампања беше комплицирана од зголемената инфлација, замрзнувањето на финансирањето на ЕУ поради спорот околу демократските стандарди и последиците од војната во Украина.

Го осудуваме рускиот напад, бидејќи тие започнаа војна против Украина, изјави Орбан за информативната веб-страница mandiner.hu во интервју објавено денес.

Страните треба да се вратат на преговарачка маса што е можно поскоро, рече Орбан. Цела Европа треба да работи за мир.

Орбан, кој беше силно критикуван од унгарската опозиција за неговите пријателски врски со Москва, рече дека врските на Унгарија со Русија биле „урамнотежени и правични“ до скорото минато, но војната создаде нова ситуација.

Тој, сепак, додаде дека нема причина да се прекинат енергетските врски со Русија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.