НАТО официјално се обврза да обезбеди воена помош за Украина во висина од 40 милијарди евра следната година, стои во заклучната декларација усвоена од шефовите на државите и владите на земјите-членки на Алијансата на состанокот во Вашингтон.

Унгарија, која се спротивставува на воената помош за Украина, доби право да не ја дава истата.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој на самитот јасно го кажа својот став за конфликтот, порача дека дека НАТО мора да го донесе мирот, а не војните околу него!


На третиот ден од вашингтонскиот Самит на НАТО, лидерите на Алијансата ќе имаат состанок со нивните колеги од партнерските земји од азиско-пацифичкиот регион – Австралија, Нов Зеланд, Јапонија и Јужна Кореја, како и со високи претставници на Европската Унија. Самитот ќе заврши со заседание на Советот НАТО-Украина на ниво на шефовите на држави или влади, на кое ќе се зборува за поддршката на Алијансата за Киев.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.