Унгарија ќе стави вето на секој предлог на Европската унија за санкции против Русија поврзани со нуклеарната енергија, изјави утринава унгарскиот премиер Виктор Орбан во интервју за државното радио.

Украина ја повика Европската унија да ја вклучи руската државна нуклеарна компанија Росатом во листата на санкционирани руски компании. Но, Унгарија, која веќе има една нуклеарна централа од руско производство и планира да ја прошири, го блокираше тој предлог.

Како што јави Ројтерс, Орбан повторил во интервју за државното радио дека на санкциите на ЕУ за нуклеарната енергија „очигледно треба да се стави вето“.

Нема да дозволиме спроведување на планот за вклучување на нуклеарната енергија во пакетот санкции. За тоа не станува збор, изјави Орбан.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.