За време на официјалната средба со папата Франциск во Ватикан, унгарскиот премиер Виктор Орбан ја истакна важноста на семејството.

Сите ние овде во Рим, во Ватикан и во Будимпешта мислиме дека семејството е најважната заедница на нашето време. Последното засолниште и најбезбедното пристаниште за човекот во овој модерен свет е семејството. Затоа мораме да ги мобилизираме сите наши напори за да ја заштитиме и зајакнеме оваа најважна човечка заедница во нашата модерна доба и можеме да сметаме на Светиот Отец во овој потфат – порача Орбан по средбата.

Покрај разговорите за напорите за поддршка на семејството, Орбан соопшти дека со Папата разговарале и за заложбите за мир и за маките на бегалците од Украина кои бегаат во Унгарија.

Според унгарската новинска агенција „Хангари тудеј“, по средбата, Орбан зборувал со новинарите за операцијата за помош на 640.000 бегалци кои избегале од Украина.

Ја спроведуваме најголемата хуманитарна операција на сите времиња, за која добиваме признание и почитување низ целиот свет. Папата Франциск нѐ охрабри да не се откажеме од оваа наша добра навика – додаде Орбан.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.