Откако Бакингемската палата објави дека на кралот Чарлс (75) му е дијагностициран рак, во јавноста се појавија стравувања за животот на британскиот монарх, но логистиката за смртта на монархот одамна е разработена.

Со кодно име Операција „Менаи бриџ“, планот ги вклучува сите делови на британската влада, полицијата, војската и разузнавачките служби, како и приватни организации поврзани со монархот.

Операцијата предвидува дека откако ќе завршат постапките за погреб на кралот Чарлс, принцот Вилијам ќе седне на престолот  заедно со неговата сопруга Кејт Мидлтон, која ќе ја преземе улогата на кралицата Консорт.

Бакингемската палата потврди дека неговиот рак е „одвоен“ од зголемената простата и бил откриен додека се лекувал од оваа состојба, но известија дека тој не се соочува со непосредна опасност по живот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.