Обемот на светската трговија во 2021 година достигна рекордни 28.5 трилиони долари. Тоа е зголемување за 25 отсто во споредба со 2020 година, а во однос на 2019, бележи раст од 13 проценти.

Во првиот квартал годинава, се очекува забавување на растот, се наведува во извештајот објавен денеска на Конференцијата на ОН за трговија и развој, UNCTAD.

Позитивните трендови во меѓународната трговија минатата година во голема мера се должат на растот на цените на суровините, олеснувањето на ограничувањата поврзани со пандемијата и закрепнувањето на побарувачката, благодарение на пакетите за стимулации, тврдат експертите.

Оваа година, на глобалната трговија ќе влијаат голем број фактори, вклучително и инфлацијата во САД и загриженоста за состојбата со недвижностите во Кина, според UNCTAD.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.