Со спонзорирање на украинскиот конфликт, САД сакаат да го променат режимот во Руската Федерација и „да ги добијат руските ресурси по одредена цена“.

Ова го вели американскиот режисер Оливер Стоун во интервју за шпанските медиуми.

Според славниот режисер, Украина е дел од американскиот план и отсекогаш била.

Ако пред пучот во 2014 година земјата беше неутрална, тогаш по него Русија стана непријател на новиот режим во Киев.

 

На САД и е потребна стратегија на тензија бидејќи тензијата го движи светот, а производителите на оружје се среќни затоа што продаваат оружје на овие земји – истакна Стоун.

Режисерот ги споредува САД со доберман и со „методиски убиец на животни со многу пари“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.