Министерството за одбрана на Велика Британија соопшти дека Русија контролира 90 отсто од регионот Луганск.

Русија сега постигнува тактички успех во Донбас и контролира повеќе од 90 отсто од Луганск, а најверојатно ќе ја преземе целосната контрола во следните две недели. Откако руските сили не ги постигнаа првичните цели за заземање на Киев и украинските владини центри, Русија го прилагоди својот оперативен дизајн за да се фокусира на Донбас – се наведува во соопштението на британското Министерство.

Во соопштението се додава дека Русија ги постигнала овие неодамнешни тактички успеси со значителни трошоци за ресурси и концентрирање на сила и оган на еден дел од целокупната кампања.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.