Украинската заменичка министерка за одбрана Хана Малиер, на Фејсбук напиша дека од почетокот на руската воена акција во Украина, проценетите загуби на руската војска се 5.300 војници.
Според Малиер, вкупните проценети загуби од 24 до 28 февруари се: авиони – 29, хеликоптери – 29, тенкови – 191, оклопни борбени возила – 816, пушки – 74, системи за воздушна одбрана Бук – 1, ракетни системи за повеќекратно лансирање Град – 21, возила – 291, тенкови – 60, беспилотни летала – 3, бродови/чамци – 2, средства за противвоздушна одбрана – 5, персонал – околу 5.300.
Малиар вели дека информациите се приближни и може да се прецизираат дополнително, бидејќи е исклучително тешко да се добијат прецизни бројки по битките со оглед на тоа што командантите се фокусираат првенствено на борбите.
Украинската агенција Укринформ претходно објави дека Министерството за одбрана на Украина бара од Украинците колку што е можно повеќе да се спротивстават на обидите на руските напаѓачи да ги надополнат залихите на гориво, муниција и храна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.