Околу 14.500 луѓе влегле во Украина во последните неколку дена, со цел да се борат против руските сили. Според податоците на украинската армија, 12 илјади од нив се Украинци кои се вратиле со цел да се приклучат во одбрана на земјата.
Во соопштението на украискиот Генералштаб се тврди дека руските сили досега имаат загубено повеќе од 12 илјади војници.
Русија, пак, пред неколку дена информира за околу 500 загинати војници, но од тогаш нема објавено нови информации.
Киев, досега, нема објавено никакви информации за жртви меѓу своите воени сили.
Силите на Доњецката и Луганската Република, објавија дека имаат 47 жртви во своите редови.
Според украинската армија досега се уништени или оштетени 49 руски воени авиони, 81 хеликоптер и околу 317 тенкови, но овие бројки засега не може да бидат потврдени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.