Резервоар за гориво во руската област Белгород, на границата со Украина, се запалил по денешното украинско гранатирање, изјави гувернерот на покраината Вјачеслав Гладков..
Руските погранични региони ја обвинуваат Украина за гаѓање на цели на нивна територија, како што се далноводи и резервоари за гориво, откако Москва ја почна инвазијата на Украина на 24 февруари.
Киев не го коментираше случајот.
-Имаме уште едно гранатирање. Една од гранатите погоди нафтен терминал во областа Белгород. Службите за итни случаи веќе се борат со пожарот. Нема опасност огнот да се прошири“, објави гувернерот на Белгородската област Вјачеслав Гладков на социјалните мрежи заедно со фотографии од пламенот и црниот чад.
Локалните служби за итни случаи соопштија дека една од 10-те цистерни со преостанатото дизел гориво се запалила, пренесе Тасс.
Гладков подоцна изјави дека пожарот е изгаснат.
Руските власти пред два дена изјавија дека украинските гранати уништиле складиште за муниција и погодиле училиште, станбена зграда и трафостаница во регионот Белгород.
Гладков додаде дека неколку дена по ред била гранатирана и царинарницата, на која денеска паднале 14 гранати, но во нападите нема повредени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.