Во анализа за случувањата во Украина, „Њујорк Тајмс“ пишува дека тоа што Русија испраќа засилувања во источна Украина пред новата офанзива, што се очекува наскоро, се чувствува во градовите и селата долж фронтот.

Изнемоштените украински војници се жалат дека се бројно надминати, дури и пред Русија да ги испрати повеќето од своите 200.000 новомобилизирани војници. Во исто време, лекарите во болниците пријавуваат се поголеми загуби, додека се обидуваат да ги лекуваат борците со ужасни повреди. Украинската армија претрпе големи загуби во Донбас, а војниците се жалат на недостаток на оружје и муниција“, пишува „Њујорк Тајмс“.

Весникот наведува дека во една од болниците во близина на фронтот, на територијата контролирана од Киев, мртовечницата била полна со тела на украински војници, додека во друга болница дури и по ходниците стоеле носилки со ранетите, а амбулантни возила пристигнувале во текот на целиот ден.

Украинските војници, измачувани по речиси 12 месеци жестоки борби, велат дека имаат тенкови и артилерија, но дека немаат доволно ниту од едното ниту од другото, како и дека имаат многу помалку муниција од противникот“, наведува весникот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.