Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден, која ги одобрува сите набавки на ловците Ф-16 произведени во САД не дозволува украинските пилоти да поминат обука на авионите во сопственост на европските земји, објави „Њујорк тајмс“.

Минатата недела, Велика Британија објави дека ова лето ќе почне со обука на украински пилоти „со искуство за управување со разни типови авиони“.

Сепак, без одобрување од САД обуките најверојатно ќе се ограничат на изучување техничка документација и тактички лекции, без пристап до самите авиони, вели за весникот неименуван службеник.

Неколку европски земји, меѓу кои Холандија и Велика Британија, се подготвени да предадат на Украина ловци Ф-16, а за чија неопходност говореше украинскиот претседател, Володомир Зеленски. Сепак, во Белата куќа постои сомнеж дека на Украина ѝ се потребни вакви скапи авиони.

Според американскиот висок службеник, сомнежот донекаде доаѓа од тоа што мултимилионската цена на авионите ќе се одрази на и онака сѐ помалиот воен буџет на земјата. Покрај тоа, САД се загрижени од тоа тајните технологии вградени во авионот да не паднат во рацете на Русите, пишува Њујорк тајмс.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.