Нуклеарната енергија на САД останува зависна од руското нуклеарно гориво, пишува „Њујорк тајмс“.
Како што наведува изданието, земјата продолжува да и плаќа на Русија околу милијарда долари годишно за набавка на збогатен ураниум, поради тоа што не може да најде алтернативен снабдувач по истата ниска цена.
„Њујорк тајмс“ пишува дека околу една третина од збогатениот ураниум што се користи во САД се увезува од Русија. Самите САД целосно го прекинаа збогатувањето ураниум, иако некогаш доминираа на овој пазар.
Авторот на написот смета дека ќе бидат потребни години и значителни ресурси за да се создадат нови синџири за снабдување со збогатен ураниум.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.