Бакингемската палата во Лондон објави неколку фотографии од приемот на верски лидери и на членови на разни заедници од страна на кралот Чарлс (75) кој се одржа во вторникот.

Верските лидери и членовите на разни заедници неодамна учествувале на Форумот на верски лидери каде што можеле отворено да ги споделат своите искуства за водење во нивните заедници во време на зголемени меѓународни тензии, па Чарлс решил да им оддаде почит.

Кралот на почетокот на февруари се повлече од јавноста и ја прекина кралската должност. Тогаш беше соопштено дека боледува од рак.

Многумина го коментираа изгледот на кралот откако беше откриено дека се бори со тешка болест. Едни велат дека ослабел и дека изгледа поинаку, а други, пак, велат дека кралот „изгледа одлично“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.