Не стивнува полемиката околу финската премиерка Сана Марин, откако на социјалните мрежи се прошири видео на кое таа танцува и се забавува за време на приватна забава.

Сепак, покрај критиките, се побројни се и зборовите и гестовите за поддршка и одбрана на финската премиерка.

Девојки и жени од Финска и од Данска на своите социјални профили објавуваат видеа од танцување и забава, исто како премиерката Марин.

А финската премиерка е означена во различните објави придружени со натпис: „Солидарност со Сана”.

Ваквата ицијатива на жените од Финска доаѓа по вербалните напади во јавноста врз Марин по објавувањето на видеа снимени за време на приватна забава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.