Киев ја доби деветтата транша во износ од 1,5 милијарди евра од макрофинансиската помош од Европската Унија, соопшти премиерот на Украина Денис Шмигал на социјалната мрежа Телеграм, пренесе Укринформ.
„Украина ја доби деветтата транша од макрофинансиската помош во износ од 1,5 милијарди евра од Европската Унија“, се вели во соопштението. Според него, вкупната буџетска поддршка на ЕУ за Украина во 2023 година веќе изнесува 15 милијарди евра.
Шмигал нагласи дека „ова е еден од најважните фактори што и помага на Украина да остане економски силна и стабилна“.
„Во моментов работиме со Европската комисија на нова долгорочна програма за помош на Украина во вредност од 50 милијарди евра. Очекуваме да добиеме 18 милијарди евра следната година“, додаде Шмигал.
Тој изрази благодарност до европските партнери на Украина за нивната непоколеблива солидарност со Киев
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.