Германија објави уште еден врв на нови случаи на коронавирус на седумдневна основа, иако земјата се подготвува да ги олесни мерките, според Ројтерс. Институтот Роберт Кох во овој период регистрира 262.593 нови инфекции, што е за 22 отсто повеќе во однос на претходните седум дена.

Така, вкупниот број на заразени со коронавирус во земјата од почетокот на пандемијата веќе се приближува до 17,7 милиони.

Новозаразените на седумдневна основа денеска достигнаа нов пик од 1607. Вчера оваа бројка беше 1585.

На бројот на починати од СОВИД-19 се додадени 269 лица, а сега има вкупно 126.142.

Ширењето на инфекцијата се интензивираше по почетокот на март, кога почнаа да се ублажуваат правилата за пристап на невакцинирани лица до јавните настани во затворен простор.

Се очекува Бундестагот во петок да усвои законска промена со која значително ќе се намалат санитарните ограничувања. Сегашните антиепидемиски мерки истекуваат во сабота, објави Ројтерс.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.