На социјалните мрежи се појавија првите фотографии од уништен британски тенк „Челенџер“ ма фронтот во Украина.

Фотографијата е снимена во близина на Орехово, каде што во изминатиот период се водат најжестоки борби.

Ваквата објава е прва потврда за уништување примерок од модерните британски тенкови, кои беа испорачани на украинската армија.

Покрај тенкот, на фотографијата може да се забележат уништени  два украински оклопни транспортери БМП-1 и еден американски оклопен транспортер М113.

Уништувањето на првиот од 14-те тенкови Челинџер 2 испорачани во Украина го потврди и новиот шеф на британското министерство за одбрана, Грант Шапс. То ја призна загубата на тенкот, притоа наведувајќи дека станува збор за воена зона, поради што е логично да има загуба на воена опрема.

Истовремено, Шнапс, соопшти дека екипажот на тенкот преживеал и успешно е евакуиран.

Тој додаде дека не се планирани нови испораки на тенкови за Украина, со оглед на тоа што, според него, Украинците биле снабдени со доволно примероци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.