Силни експлозии одекнаа во Киев и во други украински градови, за време на изминатата ноќ, како и утринава.

Околу три часот по локално време, најмалку четири експлозии се слушнале во Киев. Како што јави Би-Би-Си, целта на нападот сè уште не е утврдена, ниту дали има повредени.

Медиумот додава дека експлозијата одекнала само неколку часа, откако претходната, во близина на главната железничка станица во Киев, го потресе градот.

Од украинското Министерство за внатрешни работи појаснија дека при нападот нема жртви, но, причинета е штета. Оштетена е и главната линија на цевководот за централно греење.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.