Генералштабот на вооружените сили на Украина во средата изјави дека Русија сè уште не ја отфрлила можноста за зајакнување на своите сили стационирани во Украина со околу 800 војници на Придњестровската Молдавска Република, пренесува Киев Индипендент.

Придњестровје е дел од територијата на Република Молдавија, а независност прогласи во 1990 година. Приднестровје ги опфаќа областите источно од Днестар, градот Бендер со околните села и областа Слобозија на западниот брег на Днестар. Земјата зафаќа површина од 4.163 квадратни километри и има 475.373 жители (податоци од пописот од 2015 година).

Поради својата позиција, Приднестровје игра важна улога во украинската криза. Тоа е затоа што земјата, која ужива руска поддршка, се протега долж поголемиот дел од молдавско-украинската граница. Русија би можела да има корист од таа територија и да ја нападне Украина од запад.

Иако меѓународната заедница не го призна Придњестровје, Русија сè уште има воена база и магацин со околу 20.000 тони муниција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.