Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по средбата со францускиот лидер Емануел Макрон изјави дека уништувањето на Хамас е крајната цел на војната и во исто време го предупреди Хезболах да не се вклучува во конфликтот, пренесоа израелските медиуми.
Нетанјаху, исто така, посочи дека борбата на неговата земја против Хамас „може да биде долга војна“.
Говорејќи на прес-конференција во Ерусалим заедно со францускиот претседател Емануел Макрон, Нетанјаху ја истакна потребата да се победи Хамас или „сите ќе изгубиме“.
Нетанјаху предупреди дека Хамас ќе претставува закана и за Европа и нагласи дека Хезболах „ќе зажали“ доколку влезе во конфликтот.
Се надевам дека ќе го слушнат нашето предупредување. Ќе претрпат страшни последици, нагласи тој.
Според него, Израел прави се што е потребно за да го уништи Хамас во Газа.
Ќе ја разбиеме нејзината терористичка машина, ќе ја разбиеме нејзината политичка структура. Ќе вложиме максимални напори да ги ослободиме нашите заложници. И ќе вложиме максимални напори да ги заштитиме палестинските цивили од опасност. Хамас мора да биде уништен, заклучи Нетанјаху.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.