Во околината на Пфлах во провинцијата Тирол утринава се случи тешка несреќа во која товарен воз удри во училишен автобус, а во судирот се повредени возачот на автобусот и две деца.

Судирот меѓу возот и автобусот се случил на ниво на премин, кој не е обезбеден со рампа.Портпаролот на Австриските железници (OeBB) Кристоф Гасер-Ејер изјави за јавниот радиодифузен сервис ORF дека сигнализацијата јасно укажува на железнички сообраќај.

Засега не е јасно како возачот на автобусот не го забележал товарниот воз што доаѓал.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.