Западните земји подготвуваат план чија цел ќе биде да го оневозможи извозот на руски дијаманти преку санкции и се надеваат дека ќе постигнат договор уште во мај, пишува „Политико“ во напис насловен „Крвавите дијаманти на Путин“.

Европската Унија уште од лани ја заговара оваа тема, но го одложи официјалното воведување санкции поради загриженоста дека тоа само ќе ја пренасочи трговијата подалеку од белгискиот град Антверпен – светскиот центар за дијаманти, без конкретно да им наштети на воените финансии на Русија.

Сепак, увозот на руски дијаманти е намален од почетокот на војната, освен привремениот скок што се чини дека е поврзан со Денот на вљубените.

Минатиот месец Белгија увезла руски дијаманти во вредност од 61 милион евра.

Пред војната, руските дијаманти сочинуваа околу 25 отсто од дијамантите што доаѓаа во Антверпен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.