Веднаш по извлекувањето тоа беше пренесено во болница, но не ја преживеало операцијата која му беше итно направена вечерва.

Спасувачите вечерва го извадија 5-годишното дете кое беше заглавено во бунар на ридовите во близина на Шефшауен во Мароко.

Работниците со механички копачи деноноќно се обидуваа да го спасат детето. Комплексната операција траеше со денови, а на местото на настанот се собраа илјадници луѓе. Стравот од лизгање на земјиштето ја направи спасувачката операција уште поопасна.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.