Критичарот на Кремљ, Алексеј Навални, е прогласен за виновен пред московскиот суд за измама од големи размери. Обвинителот бара максимална казна, односно 13 години затвор за измама и непочитување на судот, објави „Ројтерс“.

Судијката Маргарита Котова во пресудата навела дека Навални „извршил измама, односно кражба на туѓ имот со измама и нарушување на довербата“.

Според пресудата, судот го прогласува Навални за виновен по сите четири точки од обвинението за „особено голема измама“ за кои беше обвинет.

Тој е обвинет и за непочитување на судот, а пресудата за ова обвинение, како и казните за Навални ќе бидат изречени подоцна.

На рочиштето на 15 март, државното обвинителство побара од судот да го прогласи Навални за виновен по сите точки од обвинението и да го осуди на 13 години затвор и парична казна од 1,2 милиони рубљи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.