Летонското Министерство за одбрана известува за подготовките за изградба на нов воен полигон за сместување на контингентите на НАТО како дел од зајакнувањето на присуството на Алијансата во овој дел од Европа. За главно место каде што би можело да биде изграден новиот воен комплекс, се смета за областа помеѓу регионите Аизкрауклес и Јекабпилс.
Доколку изградбата во оваа област биде одобрена, површината на новиот полигон за тестирање „Селија“ ќе биде приближно 260 км², што е речиси двојно поголема од територијата на воената база Адази, најголемата база што НАТО ја има во моментот во Летонија, која е 140 км².
Летонија го промовира новиот инфраструктурен објект на Алијансата како начин за зајакнување на економијата во регионот, наведувајќи го како пример полигонот за обука Адази. Според летонското Министерство за одбрана, присуството на трупите на НАТО помогнало да се зачува економијата од колапс по пандемијата на КОВИД-19.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.