Најмалку три лица загинале во земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтер во јужен Иран, јави државната телевизија.
За жал, досега имавме три смртни случаи и осум повредени – изјави Мехрдад Хасанзадех, шеф на управата за вонредни состојби во провинцијата Хормузган на брегот на Персискиот Залив.
Подоцна, билансот на жртви беше зголемен на пет потврдени загинати.
Иранските медиуми објавија дека јачината на земјотресот е 6,1 степени, додека Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) соопшти дека бил со јачина од 6,0 степени.
Земјотресот бил на длабочина од 10 километри, додаваат од ЕМСЦ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.