Најмалку четири лица загинаа во силниот земјотрес, што вчера го погоди источниот дел на Јапонија, јави Си-Ен-Ен.
Во земјотресот со интензитет од 7,4 степени според Рихтеровата скала, повредени се речиси 200 лица, јави ДПА. Претходно, земјотресот беше категоризиран со интензитет од 7,3 степени.
Во погоденото подрачје се наоѓа и нуклеарната централа Фукушима Даичи, што беше погодена од цунамито во 2011 година, настан што сè уште е тежок за Јапонија и остави голем дел од регионот, до ден-денес, напуштен.
Земјотресот остави милион домаќинства без електрична енергија. Според дистрибутерот на електрична енергија, снабдувањето сега е во ред.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.