Најмалку 38 лица загинаа во лизгање на земјиштето и страшната поплава во бразилскиот град Петрополис, соопшти спасувачката служба.
Градот, кој се наоѓа во планините северно од Рио де Жанеиро, е погоден од обилни врнежи.
Уништени се куќи во планинските населби, а автомобили се однесени од силниот порој, јавува Би-Би-Си.
Градоначалникот на градот прогласил вонредна состојба.Екипите за пребарување и спасување ја пребаруваат калта во потрага по преживеани. Видеата објавени на социјалните мрежи покажуваат големи штети и возила што пловат по улиците.
Претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро, кој е на службен пат во Русија, изјави дека ќе организира помош за сите погодени од поплавите.
Распоредени се повеќе од 180 војници, а во текот на денот се очекува да пристигнат повеќе специјализирани тимови за пребарување.
Во една од најтешко погодените населби, се проценува дека биле оштетени околу 80 куќи.
Петрополис е популарна туристичка дестинација. Но, неговата локација значи дека е исто така подложен на лизгање на земјиштето.
Најлошиот инцидент се случил во 2011 година, кога повеќе од 900 луѓе загинале кога лизгање на земјиштето го погоди Петрополис и соседните градови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.