Палестински здравствени работници изјавија дека во денешен израелски напад врз бегалскиот камп Магази во централниот дел на Појасот Газа загинале најмалку 33 луѓе.

Портпаролот на палестинското Министерство за здравство Ашраф ал Кидра додаде дека 42 лица се повредени.

Кампот е станбена зона и е дел од зоната за евакуација. Израелската армија апелираше до Палестинците да се засолнат таму додека офанзивата е фокусирана на северниот дел Појасот Газа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.