Најмалку 23 лица загинаа, а неколку десетици се повредени во торнадото и силната бура со грмотевици што синоќа зафати дел од американската сојузна држава Мисисипи, соопшти државната агенција за вонредни состојби и извести дека торнадото предизвикало материјална штета во област подолга од 160 км.
Четири лица се водат како исчезнати, а тимовите за пребарување и спасување трагаат по преживеани откако невремето ја погоди областа Сивер Сити во западен Мисисипи, соопшти државната Агенција за вонредни состојби.
За жал, очекуваме овие бројки да се променат, најавија тие, мислејќи на бројот на загинати.
Си-Ен-Ен јавува дека тимови за пребарување и спасување биле и во Ролинг Форк, градот најтешко погоден од торнадото.
Никогаш досега не сум видела вакво нешто, изјави Бренди Шооа за Си-Ен-Ен. „Ова беше убав мал град, а сега го нема“.
Ловците на бури испратиле најмалку 24 извештаи за торнада до Националната метеоролошка служба во текот на ноќта.
На фотографиите објавени на социјалните мрежи се гледаат урнати згради и автомобили превртени на страните, како и групи луѓе кои се обидуваат да излезат од урнатините.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.